Наградата ,,Андреја Дамјанов,, за 2017-та за архитект Билјана Филиповска

Петар Печков

Годинешен добитник на наградата   “Андреја Дамјанов” за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 год. е архитект Билјана Филиповска.  Оваа награда ја доделува  Асоцијација на архитекти на Македонија а свеченоста се одржа во Музеј на современа уметност – Скопје. Овогодишниот добитник на наградата Андреја Дамјанов, архитект Билјана Филиповска е родена на 29 октомври 1949 година во Скопје, Македонија.

Својот најзначаен проектантски професионален раст го реализира во Пелагонија проект каде работела  непрекинато 1977-2002 на редица проекти со најразлична програма од спорт и рекреација, јавни објекти, објекти за домување и други мали интервенции во просторот. Во 2000-та година оформува свое архитектонско биро СТУДИО 2000 во кое е се уште активна.

Значителен број од проектите работени во овој период се реализирани и оставаат трајни траги во просторот, Олимпискиот базен во Скопје, Комплексот Езеро Треска, поштата во Штип, Поштата во Неготино,станбени кули во Капиштец и многу други. Таа е автор на идејното решение на  тренинг центарот на ,,Прокредит банката,, кај езеро Младост, близу Велес.  

На свеченоста Филиповска   им се обрати на колегите архитекти  со повик да се врати институцијата Конкурс, односно да се уништат „тендерите“.Одлуката за наградата  е од  петочлената комисија во состав: Радован Раѓеновиќ, д.и.а.(претседател), д-р проф.Михаил Токарев д.и.а., д-р проф.Елизабета Касапова, д.и.а., Мишо Арсов, д.и.а.  и Иван Арсовски, д.и.а.

фото : порта3

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com