12 годишно дете физички нападнало две други деца, полицијата го истражува настанот

Петар Печков

Вознемирувачко видео е поставено на твитер, каде млада велешанка тепа нејзина врсничка. При тоа доаѓа минувач, кој ја заштитува девојчето, која телефронски бара помош од мајка и. Лицата кои го снимаат и гледат настанот, се само посматрачи и со смеење го следат.

„На 20.04.2021 во СВР Велес било пријавено дека на 17.04.2021 околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес 12-годишна малолетничка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години. Исто така, од граѓани било пријавено дека на 18.04.2021 околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес. Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните“ -соопшти Верољуб Додевски, портпарол ан СВР Велес.

Од велешката полиција најавуваат дека  преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати