15 месеци затвор за измама на колега

Петар Печков

Велешанката Славица Трајкова доби затворска казна оти измамила колега. Таа ќе лежи затвор 15 месеци но и има обврска на  оштетениот да му плати 344.400 денари во рок од три месеци, за кривичното дело ,,измама,, .

Трајкова која била вработена  во Основен суд Велес, според обвинениeто  во текот на месец мај 2010 година,  го довела во заблуда оштетениот К.Т. лажно прикажувајќи му го фактот дека доколку земат заеднички кредит на нејзино име,  паричните средства подеднакво ќе си ги поделат. К.Т. за одобрениот кредит во износ од 7.600 евра во денарска против- вредност од 467.400,00 денари, како гаранција ја стави под хипотека својата семејна куќа, а потоа на 03.11.2010 година додека

оштетениот К.Т. бил на боледување, Трајкова без да го извести ги подигнала сите пари од банката.   Парите ги потрошила за свои потреби. Трајкова подолго време била недостапна за судските органи, по што и се судело во отсуство и добила условна затворска  казна од една година, која  ќе ја одлежи ако стори ново кривично дело во следните три.

Апелација ја корегирала  оваа пресуда во ефективни две години затвор. По ова таа се бара со меѓународна потерница. Пронајдена била во Србија и екстрадирана во Македонија и по нејзино барање започна ново судење во Основниот суд во Велес.  Тоа заврши со ефективни 15 месеци затвор, пресуда која не правосилна.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати