18 нагант револвери стари век и повеќе пронајдени во куќа во Велес

Петар Печков

Во куќата на велешкото семејство Ѓоргиеви  пронајдени се 18 стари револверии, од марката ,,нагантс,,.  Тие биле пронајдени вчера, кога  рушеле дел од старата куќа, која е во месноста Мегдан.   Револверите  биле стари околу 120 години и на нив имало турски знак на  полумесечина.    

Пред некое време  падна кровот на старата куќа  и решивме да расчистуваме. Кога рушевме ѕид, кој делеше две соби, се појави камара. Кога отворивме имаше стари пиштоли, по што повикавме полиција.    Тие беа одлично сочувани, сите завикани во завои, само еден  оштетен, беше `рѓосан.   На нив се гледаше дека се турски, имаше полумесечна. На ѕидот каде беа сокриени, немаше никаков знак, кој ќе укажува дека нешто тука се чува – Иле Ѓоргиев.

Тој со неговата сопруга Софија, не знаеле дека  може да има такво културно богатство во  нивниот дом. Според првичната  проценка револверите се од  крајот на 19-ти  век.   Дека куќата имала значајни  сопственици говори  и тоа што пред  20-тина години, при реновирање на друг дел, била, пронајдена вреќа со куршуми, но  тие биле од пушка,  подлоги, не биле револверски.

Куќата мојот татко ја купил 1953-та Година и  тоа од Трајче Попов, познатиот македонски режисер.  Тие од кого ја купиле нема информации, но според постарите жители тука во маалото имало Турци, кои по Хуриетот заминале – додава Иле. Револверите се наоѓаат во велешката  полиција, која потврди дека биле пронајдени вечера.

На 23.11.2017 година околу 13.30 часот при вршење на градежни работи на куќа која се наоѓа на улица „Максим Горки“ во Велес, од страна на сопственикот на куќата И.Ѓ.(68) во еден од ѕидовите пронајдени се 18 пиштоли марка „Нагантс“ калибар 7,62 мм.- информираа од СВР Велес.  

Нагантс револверите ги користела руската царска  војска од 1895 гдоина а го добиле името по  е белгискиот   дизајнер Леон  Нагант. 

фото нагантс револверите се  од документацијата на    Данче Ѓоргиев 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати