22 ансамбли од Европа и Македонија учесници на 14-тиот ИФФ Велес 2017

Петар Печков

Од  утре вторник, 4-ти до сабота  8-ми јули  Велес ќе биде домаќин на 14-тото издание на  ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ВЕЛЕС 2017“ На оваа смотра на изворниот фолклор  ќе учествуваат  22 ансамбли од кои 12 странски и 10 домашни.

Годинава публиката во Младинскиот парк  ќе ужива во песните, ората, танците и традициите на ансамблите од  Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Словенија, Полска и Австралија.

Воедно, ќе имаат можност да го проследат настапот на два ансамбли од една Источно Европска земја кои се изненадување на ова издание на фестивалот. 

Бидејќи дел од ансамблите се претставници на етничките малцинства во нивните земји ќе имаме можност да ги проследиме и традициите на Литванија и Унгарија. Домашните ансамбли ни доаѓаат од Велес, Скопје, Битола, Делчево, Радовиш и Богданци.

Навистина сме горди што секоја година бројот на ансамбли учесници се зголемува и што во сите овие години граѓаните на Велес се најголемиот поттик за сите учесници. Ве поканувам  да излезете од своите домови и да ги исполните летните вечери со радост и колорит. Верувам дека пак ќе бидете прекрасни домаќини и вистински културни амбасадори на Македонија – најави Томе Јаневски претседател на организациониот одбор на Фестивалот. 

Како и во изминатите години, фестивалот започнува со   свеченото дефиле , вторник попладне од пред ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“, во 19 часот, кое ќе мине по улиците на градот. Отворање на фестивалот е во 20:30 часот, во амфитеаторт, во Младинскиот парк.

Сите фестивалски вечери во периодот до 8-ми јули се одржуваат  на истата локација , со почеток во 20:30 часот, со исклучок на сабота, 8-ми јули кога свеченото затворање на фестивалот е планирано да започне половина час порано, во 20 часот.

Организторот најавува дека во случај на неповолни временски услови, фестивалските вечери ќе се организираат во спортската сала „Гемиџии“

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com