22 јуни, петок е Ден на жалост во Општина Велес

Петар Печков

На Вонредна седница на Советот на Општина Велес на која присуствуваа 18 советника,  беа донесени две одлуки, поврзани со трагедијата која го снајде семејството Давчевски, откако три деца им изгореа во пожар, кој го зафати семејниот дом.  

Советниците одлучија петок 22 јуни да биде Ден на жалост во Општина Велес . При тоа се откажуваат сите културни и спортски манифестации  Угостителските објекти на територијата на Општината се обврзани да емитуваат сериозна музика. Закажаните свадби во вечерните часови не влегуваат во оваа одлука.  

Советот одлучи на семејството Давчевски да му исплати еднократна парична помош во висна од 100 илјади денари како и  да се плататат гробни места за три деца во висна од 13,5 илјади денари  а заедно со Центарот за Социјални грижи да се организира нивниот  погреб.  Градоначалникот Аце Коцевски  информираше дека синот на  Марина Антониевска, Стефан кој живеел во заедница со Давчевски ќе се вработи во ЈКП Дервен. 

Од Центарот за Социјални грижи од  Велес информираа дека  семејството Давчевски претходната ноќ ја минале во Противпожарната единица и дека се упатени да пронајдат стан, каде ќе живеат а киријата ќе ја плаќа оваа институција.

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати