250 велешани доброволци на помош во Скопјe

Петар Печков

 Околу 250 велешани утрово заминаа за Скопје, каде денес ќе помагаат во отстранување на  последиците од саботното невреме. Со четири автобуси и десетина автомобили, во 9 ч. се упатија за Стајковци, каде според планот на Кризниот штаб треба да помогнат. Тие ќе работат во расчистување на домовите на жителите од ова село.   

Со цел барем малку да им ја олесни беспомошната состојба ги повикавме сите индивидуални, клубови, здруженија на граѓани, претпријатија кои сакаат да помогнат масовно да се вклучат во оваа хумана акција во која најпотребна е физичка сила.  Време е да ја разбудиме нашата хуманост, да помогнеме на својот народ да имаат нормален живот и основни егзистенцијални услови. Задоволни со од одѕивот – изјавија од локалната власт.  

 Во тетко на вчерашниот ден Општина Велес објави  Јавен повик за помош на настраданите и справување со последиците од невремето кое ја зафати Општина Гази Баба.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати