34 велешани се денес регистрирани позитивни на ковид-19

Петар Печков

Триесет и четири лица се водат како ново заразени со ковид-19 денес во Велес, има  и девет оздравени. Ова се информациите кои доцна попладнево ги објави Министерството за здравство.

Денес има и тројца починати лица. Со ова бројката на активни случаи порасна на 177 лица.  Досега има заразено 546 велешани а 343 оздравени. Од активните случаи 147 се на домашно лекување, 24 на Инфективно одделение,  две родилки се на ГАК, тројца пациенти се на  приватна клиника во Скопје. Заразата се шири семејно, преку работа,  преку блиски.

На Инфективно одделение до пладне, хоспитализирани биле 41 пациент,  33 биле потврдено позитивни, за осум кои имале симптоми се чекаат резултати од земен брис а 13 пациенти се на кислородна поддршка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати