36 бруцоши на информатика, повеќе скопјани од велешани

Петар Печков

За 36 бруцоши  на информатика започна  новата студентска година. Претпладнево на Факултетот за Информатика и компјутерска техника Битола,  дисперзирана настава Велес се одржа првиот  час.  Од 50-те слободни места пополнети се поголемиот дел.  

И додека на  други факултети интересот за нови студени се намалува, на овој константно е висок. Годинава студентите  кои се запишаа ќе студираат три години и добиваат звање дипломиран информатичар .

Пазарот на трудот една страна  и желбите на студенти од друга страна и годинава  да воведеме три годишна студиска програма. Самостојно  можете  да изберете кои  од 30-те предмети, при што 18  се задолжителни, а останатите  се изборни и  можете да ги  изберете од  70-тина понудени.  Така  го креирате сопствениот профил.  Така побрзо ќе излезете на пазарот  на трудот. Што се однесува до наставата, таа ќе се одвива менторски, во договорен термин. Или веќе кога имате бесплатно патување со воз секој трет викенд, дојдете во Битола ќе имаме настава и ќе се напиете  кафе на Широк сокак. Кога веќе професорите патуваат до  Велес, можат и студентите до Битола, но да  не  се одрази  на  Вашата  материјална состојба     – им рече деканот  проф. д-р. Пеце Митревски и им посака успешни студии на студентите.  Меѓу нив имаше повеќе  од градовите во соседството, најмалку од   Велес.  Деканот има објаснување зошто е тоа така. 

Интересот е зголемен кон овој факултет, така лани имаше 11 отсто од вкупно применети бруцоши на УКЛО, годинава таа бројка порасна на 15.  Тоа поради популарноста и пропулзивноста  на професијата, како и можноста студентите да се само вработуваат. Можат да работаат преку интернет, не им треба патување до  работно место.  Мене ми паѓа во очи податокот што има доста студенти од  Скопје, тука студираат  во Велес.  Тоа се лица кои се вработени во  компании и гледаат надеж да го  формализираат своето  образование а имаат големо практично искуство – објасни Митревски.

Тој е посебно горд што на овој факултет е пресликана наставна програма од водечки светски Универзитет.  

Тоа што го  нудиме е во тесна врска со Бостон  Јуниверзити Метрополитен Колеџ, кој на шангајската листа пред две години беше на 50-то место. Или меѓу врвните Универзитети во светот. Тоа е актуелна понуда а тоа пазарот го бара  - рече Митревски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати