7-ми април 1941 кога Велес беше бомбардиран од Германските фашисти

Петар Печков

Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со  силни воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот чии куќи биле изградени од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото, кога бројни авиони, ексадрили германски авиони поголемиот дел од стариот  Велес го срамниле со земја.

Бомбардирањето започна во 7 часот наутро. Уште поспани, не разбуди злокобниот  звук. Штуките надлетуваа а ние бегавме. Живевевме на Мегдан и спас баравеме преку Вршник. Таму се креивме.  Многу народ загина, цели семејства за жал. Бевме деца, мајките не носеа в раце, се бараше спас за жива глава, некои не  го најдоа  - вели жителка  на Велес, која со семејството заминала  во селото Ораовец.

Иако бомбите паѓале околу мостовите, ниту еден не бил разрушен. Најмногу население настрадало околу Којник и Мегдан. Имало многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот животен  пат во тоа априлско утро. Според одредени пишани документи Велес тој ден имал до 500 жртви, што за жал  никаде не е заведено во историските документи, ниту пак има обележје за овие цивилни жртви на Втората Светска војна.  За рaзлика од жртвите  во Штип, Скопје... Следниот  ден 8-ми април Велес веќе бил освоен   од  германските  единици.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати