9-то ноемвриските награди за здравствените работници кои се грижат за здравјето на граѓаните од ковид-19

Петар Печков

Највисокото општинско признание наградата 9-ти ноември годинава ја добија повеќе здравствени институции, кои годинава се директно вклучени во борбата со ковид-19 -   Инфективното одделение од велешката Болница, Итната медицинска служба на Здравствен дом, Епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Велес како и Здружението на матичните лекари од Велес.

Оваа година посебен акцент ставивме на оддавање признание на здравствените институции и  работници, бидејќи битни ни се на сите, докторите, сестрите,  болничарите  и сит вработени во здравството. Сите тие даваат огромен придонес да го заштитат нашето здравје, нашите животи. Затоа во името ан сите граѓани на општина Велес им упатувам посебна благодарност за напорите кои несебично ги вложуваат осум месеци во услови на пандемија, да им честитам за жртвата која секојдневно ја  принесуваат, борејќи се за здравјето на сите - порача градоначалникот Коцевски.  

Општинско признание доби и Семејството Пиневи, кое несебично ги подари органите за трансплантација, од сопругот Борче Пинев, по  неговата трагична смрт.   Благодарница добија  фудбалерот Енис Фазлагиќ, кајакарот Љубомир Спасиќ, Лајонс клубот од Велес.

Пофалници им беа врачени на музичарот  м-р Илија Настовски за неговиот ангажман на работата на градскиот камерен оркестар, на скулпторот  Филип Коруновски , на  Снежана Лазарова- Луна ликовен уметник -наивец, и  ученикот Христијан Андовски  кој освои второ  место  на Европскиот квиз на парите.

Наградата најстудент „Ѓорѓи Шоптрајанов“ годинава ја доби студентката на факултетот за медицински науки „Гоце Делчев“ во Штип, насока дентална медицина,  Ана Трајчева.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати