Актерот Благоја Чоревски е добитникот на годинешната награда Петре Прличко

Петар Печков

Актерот Благоја Чоревски е добитникот на годинешната награда за животно дело „Петре Прличко“ која ја доделуваат општина Велес, здружението на актери „Џинот“ и велешкиот театар. Жирито во состав Јордан Витанов,  Дејан Лилиќ и Кица Ивковска Велјановски, помеѓу трите пристигнати кандидатури се реши признанието, кое се соделува по четврти пат да му го даде на Чоревски, актер на Драмски театар од Скопје.

- Благоја го гледаме скоро 40 години на театарските штици. Колку пати не има растажено а колку пати не има засмејувано до солзи. Тоа е дарбата божја, тоа е актерот Чоревски од трагичниот Стево во „Диво месо“ до бескрајно комичниот Шанедбиз во „Одам на лов“. Помеѓу овие две креации се и стотина други одиграни улоги. Токму затоа од името на илјадниците гледачи жири комисијата со задоволство наградата  ја додели на дарбата божја, актерот Благоја Чоревски – изјави Јордан Витанов, претседател на жирито, кое едногласно ја донело одлуката. Наградата се состои од плакета „Петре Прличко“ и паричен дел од 30 илајди денари а ќе биде врачена до крајот на годинава во велешкиот театар, со претстава  која ќе се одигра во чест на  добитникот Чоревски.

- На Чоревски му се заблагодарувам што ја продолжува традицијата на театарската уметност во Велес, бидејќи тој е роден во овој град. Се гордееме со основположникот на современиот театар Џинот, со Прличко, со низа други имиња кои ја создавале театарската историја на Македонија, а меѓу нив е и овогодинешниот добитник Благоја Чоревски – рече Горан Петров градоначалник на Велес на прес конференциајта при обедоденувањето на името на добитникот. Чоревски заблагодарувајќи се на наградата, рече дека има трема а тоа му се случува секогаш кога има некој важнен миг во животот.

- Оваа награда е посебно драга бидејќи доаѓа до колегите кои ме познаваат 37 години, колку сум на сцената. Мислев дека знам што да кажам ама сега знам дека нема што да кажам, толку сум возбуден. Да се добие награда  која го носи името не еден светски актер, со кој ме поврзуваат и колегијални и роднокрајни и роднински и пријателски врски е огромна работа во животот, која возвишува до небото – изјави Чоревски. Тој е четврти добитник на ова признание, кое досега го добија Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен и Петар Мирчевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати