Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 декември 2009
Постојните таксисти кои имат такси возило со друга боја имаат период од девет месеци да го префарбаат автомобилот а од 1-ви јануари сите нови таксисти кои ќе бараат лиценца ќе имаат обврска возилото да им биде жолто.
Од наредната година таксистите ќе плаќаат помала давачка, 150 денари месечно наместо досегашните 250 денари и лиценцата ќе ја обновуват на четири години наместо како досега на една година. Останува бројката од 250 возила кои што можат да возат такси во градот.