Петар Печков
Објавено: сабота, 13 јули 2024
На Петровден вечерта, група велешани се заглавиле во лифт. Била побарана помош и интервенција на пожарникарите
„На 12 јули во 21:35 примена е дојава за лица заглавени во лифт.Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место лица беа извадени осум возрасни и четири деца“ – соопштија од Противпожарната единица.
Инцидентот се случил во станбена зграда на улица „Благој Ѓорев“ 221 во Велес, позната како социјалната, во средната зграда.