Дождот го згасна пожарот на планините Мукос и Бабуна, велешани и жителите на Чашка и Азот, почнаа да дишат чист воздух

Петар Печков

Пожарите згаснаа велешни  и жителите на Општина Чашка, можат да здивнат, дишат чист воздух. Откако пет дена воздухот во поширокиот велешки регион, заедно со Општина Чашка, беше под густ дим и чад, од неделата вредностите се симнаа под граничната вредност од 50 мг/м3.

За потсетување највисоката вредност на ПМ 10 честички  беше на 5 септември скоро 100 мг/м3.  Високите вредностите над максимално дозволените беа пристуни со ПМ 10 честички пет дена од 2 до 7 септември.

Ова загадување  го констатираа мерните инструменти на Министерството за животна средина, лоцирани во дворот на Детската градинка во Нова населба.

Од Општина Велес прецизираа дека:   
 „Актуелните пожари во велешко, поточно на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес“

Па дури и ги повикаа велешани да не излегуваат од нивните домови без поголем потреба, објава од 5 септември, кога беа измерени навјисоките вредности.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека дождот кој падна во текот на вчерашниот ден ги згасна пожарите на планината Мукос кај Степанци. Тој гореше од 27 авгсут до 8 септевмри. Истиот пожар беше активен до 18 август, а 12 дена претходно гореше шума а беше изгаснат од дождот кој тогаш падна. Пожарот беше во високите делови на планината на непристапен терен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати