Затворските казни за 11 осудени велешани за сексуална експлоатација на дете се под законскиот минимум, обвинителството најави жалба

Петар Печков

Обвинетите 11 велешани осудени неправосилно за  неколку кривични дела, поврзани со сексуалната експолатација на дете од 15 години, добија затворски казни од 31 години, еден  доби условна. 

Дел од јавноста нездоволен што изречените казни се под минимумот предвиден со Кривичниот законик.  Полномошникот на оштетената, адвокатката Наташа Бошкова,  незадоволна од изречените казни.

„Казните беа под законскиот минимум со оглед на тоа што за трговија со дете минималната казна е осум години, а освен што обвинетите доаѓаа редовно на судење, друга олеснителна околност не постоеше. Судот за вакви кривични дела во други случаи досудувал и по 15, 17 години затвор. За висината на казните треба да се жали Обвинителството“– изјави Бошкова за „Слободен печат“.

Обвинетите беа  осудени на Светскиот ден на детето, односно на денот кога во 1989 година беше донесена Конвенцијата за правата на детето.

„Детето треба да биде заштитено од сите форми на сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, употреба на деца во проституција или други незаконски сексуални практики, во порнографски изведби и материјали“ пишува во еден од членовите на Конвенцијата.

1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци.
2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци.
3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци.
4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор.
5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години.
6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци.
7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.
8. Антонио Зографски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.
9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци.
10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци.
11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци.
12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казна

Двајца обвинети претходно се изјаснија за виновни, признаа вина се спогодија со обвинителството  и добија условни затворски казни.  

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал најавија жалби на пресудите.

„Согласно принципите на обвинителството, судските одлуки не се коментираат. Предметниот јавен обвинител не е задоволен со вчера изречените казни во предметот. Откако писмено ќе ја добие пресудата, најави дека ќе го оствари своето законско право и ќе вложи жалба по однос на висината на изречените казни“ – велат од Обвинителството за „Слободен печат“.  

Огромно разочарување е пресудата што Кривичниот суд во Скопје ја донесе против 12 лица за трговија со дете, полов напад и силување, и производство и дистрибуција на детска порнографија, соопшти Платформа за родова еднаквост.

Кривичниот суд на 20 ноември осуди 13 велешани на возраст од 22 до 32 години дека сексуално злоупотребиле малолетничка, ја снимале и ги препраќале снимките. Највисоката казна е пет и пол години затвор, а најниската е условна осуда.

„Изречените затворски казни под законски утврдениот минимум за вакви сериозни дела од организиран криминал, ја минимизираат правата тежина на овие дела и со тоа ја амнестираат кривичната одговорност на сторителите. Ваквите ублажени казни, наместо да ги одвратат од сторување на исти или слични дела може да ги охрабрат мажите во иднина повторно да вршат вакви форми на родово базирано и сексуално насилство“ - велат од Платформата за родова еднаквост.

Според нив, овој случај ја нагласува итната потреба од системски реформи, вклучително и построги казни за злосторства против девојчиња и жени.

Освен Обвинителството, незадоволни од пресудата беа и адвокатите на обвинетите. И тие најавија жалба на пресудата и тврдеа дека пресудата е донесена без докази и е базирана само на исказите на жртвата.

Претседателот на судскиот совет кој ја изрече казната, судијката Даниела Димовска со порака:

„Наместо портокаловата боја која треба да е симбол на љубов и разбирање во случајов е боја на портокаловата чинија која полна со неограничени количини на кокаин стоела на маса пред младите. Треба да се запрашаме дали тие имаат контрола, дали знаеме каде се движат малолетните, дали кокаинот е единственото нешто што ги прави среќни, дали родителите знаат што се случува со нивните деца и дали тие можат да создаваат здрави врски кои ќе градата здрави фамилии? Ова се прашања за цело општество“, рече судијката Димовска.

Судот за првите петмина обвинети одреди домашен притвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати