За три дена пронајдени двајца велешани починати, еден дома, друг на улица

Петар Печков

Првата информaција е од Територијалнaта против пожарна единица.

„На ден 16 октомври  во 22:21 од страна на Итна Медицинска Помош примена е дојава за заклучена врата од куќа, на ул. Браќа Миладиновци. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  против пожарно возило и двајца  пожарникари спасители. По пристигнување на лице место вратата е отворена во куќата е пронајдено починато лице“ – информираа од ТППЕ Велес.

Вториот случај е евидентиран во билтенот на СВР Велес. 

„На 19 октомври во 21.18 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека позади станбена зграда на улица „Димитар Влахов“ во Велес било пронајдено починато лице. Од страна на полициски службеници било утврдено дека лицето е Т.А.(65 год) од Велес, а лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати