Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јули 2024
Пожарот кој беше регистриран помеѓу селото Дреново и Долно Јаболчиште, утрово е локализиран. Според Центарот за управувње со кризи, тоа се случило околу 7,30 ч.
Огнот зафати површина на тешко достапен терен, кон врвот Лисец, на планината Голешница, карпест дел, каде гореше деградирана ниска вегетација.
Пожарот беше регистриран во саботата околу 17,30ч. во неговот гаснење учествуваа вработени од ШС Бабуна Велес и од Оштина Чашка.