Мики Секуловски, втор во музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“

Петар Печков

Велешанецот Мики Секуловски (37 год) е втор на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на гранд“. Тој вечерва стигна до супер финалето, меѓу тројцата најдобри, откако претходно меѓу стотици учесници, девет месеци, пееше и се натпејуваше со останатите учесници, го убедуваше жирито во неговиот квалитет, и на крај да биде второпласиран. Во финалето гласаа гледачите со СМС пораки а претходно жирито ги оценуваше кандидадите.

Со разновидноста на репертоарот, песни од сите жанрови, покажа квалитет и моќ на гласот и беше задоволство да се слуша. Победник е Шејла Зориќ од БиХ а трета е Адријана Петрушевска од Скопје. Музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ е регионално со учесници од Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска,  Бугарија и Македонија.

Мики беше учесник во реалното шоу „Македонски идол“ пред 15 години и пред две години во музичко шоу во Белгија, каде одреден дел од животот работеше. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати