На високите температури се палат возила

Петар Печков

Територијалната противпожарна единица од Велес, во нивниот дневен  билтен, објави дека за три дена во два наврати интервенирале, за гаснење на опожарени возила. Во првиот случај било  возило пасат управувано од кавадарчанец а во второ ауди 6 со велешки регистарски таблички.

„На ден 07 јули  во 19:53 примена е дојава за запалено Патничко Моторно Возило на автопатот Велес - Градско во близина на ДАДИ КОМПАНИ. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и три пожарникари спасители“ – соопштија до ТППЕ Велес.

„На ден 10 јули  во 02:25 примена е дојава за запалено Патничко Моторно Возило на ул Димитар Влахов кај Железен Мост. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно  и тројца пожарникари спасители“ – дополнија од ТППЕ Велес.

Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција во двата случаи автомобилите биле  е изгаснати.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати