Петар Печков
Објавено: среда, 22 март 2023
Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка веќе нема да може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука соопштија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.
„Одлуката е донесена за заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот “- велат од Министерството за образование и наука.
Заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство, на овој начин ја избегнуваат праксата но и процесот за стекнување на диплома е краток.
Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.