Петар Печков
Објавено: вторник, 11 април 2023
Министерството за образование го објави конкурсот за упис во државните средни училишта. Во прва година во четирите средни училишта во Велес, за учебната 2022/23 година има слободни 830 места, што за 80 повеќе од 750 места колку што беа во учебната 2021/2022 година
Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки. Од нив 136 ученици во четири паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во две паралелки со настава на албански јазик. Во Гимназијата има и паралелка на Спортска академија за фудбал.
Во Економското училиште „Јове Тесличков“ во прва година ќе се запишат 127 ученици во 4 паралелки. Од нив 93 ученици во три паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански наставен јазик. За економски техничар/правен техничар има 1 паралелка со четири годишно образование за 25 ученици. За бизнис администратор/ техничар за е-трговија и дигитален маркетинг има слободни 34 места во една паралелка со 4 годишно образование. За продавач - референт за продажни услуги има 34 места во една паралелка со 3 годишно образование. На албански јазик е паралелката за економски техничар со 34 ученици , една паралелка и 4 годишно образование.
Во „Коле Неделковска“ во прва година ќе се запишат 304 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик. Во Машинска струка има слободни 118 места во 4 паралелки. За машински техничар/ машинско енергетски техничар и за техничар за компјутерско управување по една паралелка со по 34 ученици и 4 годишно образование, додека за техничар за производно, машинство / машински техничар за моторни возила и за автомеханичар/заварувач/ инсталатер за греење и климатизација предвидени се по една паралелка со по 25 ученици и 4 годишно образование.
Во Електротехничка струка има слободни 127 ученици во 4 паралелки. За електротехничар за компјутерска техника и автоматика предвидени се 68 слободни места во две паралелки, за електротехничар за електроника и телекомуникации една паралелка со 34 ученици во една паралелка . За техничар за индустриска мехатроника/електротехничар енергетичар предвидена е 1 паралелка со 25 ученици. За сообраќајна струка има слободни 34 ученици во една паралелка, за техничар за транспорт и шпедиција, со четири годишно образование. Во Угостителско - туристичка струка има слободни 25места во 1 паралелка, за готвач/ келнер/ слаткар со три годишно образование.
Во средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ во прва година ќе се запишат 195 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Во хемиско - технолошка струка 68 ученици во две паралелки , техничар за заштита на животна средина/хемиско лабораториски техничар со четири годишно образование и месопреработувач / пекар со три годишно образование. И двете паралелки се со по 34 ученици. Во здравствена струка - има слободни 93 места во 3 паралелки, за медицинска сестра со 34 ученици, фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo-санитарен техничар со 25 ученици, физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра со 34 ученика. Сите три паралелки се со четири годишно образование. Лични услуги - техничар за козметичка нега и убавина има слободни 34 места во 1 паралелка, во четири годишно образование.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука
Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24.00 часот и на 21 јуни 2023 година до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023 година
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 28 јуни 2023 година до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година
Пријавување на учениците ќе се врши и на 21 август до 24.00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2023 година