Од среда 27 декември до сабота 30, забава во Младински парк „Празнично е да си дома, дома е Велес“

Петар Печков

Локалната власт ја објави содржината и изведувачите кои пред новогодишната забава ќе настапат во Младинскиот парк. Забавата започнува секој ден од 15 до 21 ч. од среда 27 декември до сабота 30 декември.  Ќе настаат локални изведувачи од градот.

Среда започнува со настапот на детскиот  хор „Св. Кирил и Методиј“  со пригодна новогидишина и божикна програма ( петем тие ќе насапат три дена и во програмата на Ист гејт во Скопје за Нова година) па следи настапот на  музичката група на учениците од велешката Гимназија Кочо Рацин, девојките од групата Д Чикс и за крај ДЏ Зорбитал.

Четврток започнува со настап на велешката чалгија, по што следи групата Стерна (Сашко Коств и Орхидеја Дукова), и ДЏ Даскал. 

За в петок најавена е детската новогодишна  театарска претстава „Смешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ на Фаик Мефаилоски и пријателите, по нив следи Александар Прија и за тој ден завршува со ДЏ Драган Вакс.

Сабота програмата започнува во 12ч. најавени се „Новогодишен урнебес“, во 13ч. е доаѓањето на Дедо Мраз со помошниците, па ДЏ Мастер Хип, Балетско студио Анабела, во 17,30 е  Мики Секуловски и завршува со ДЏ Попај. Целиот настан е замислен „Празнично е да си дома, дома е Велес“.

Во Младинскиот парк ќе има постаени куќички каде ќе се продава храна, греано вино, ќе има новогодишен  продажен базар, маскоти со познати детски ликови за најмладите. Организатор е Општина Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати