Потврдено 13 години за педофилија од старец врз две сестрички

Петар Печков

Апелациониот суд во Скопје ја потврди казната затвор во времетраење од 13 години за велешанецот Деан Спасов Делчо (73 год) изречена во Основниот суд во Велес за педофилија.

Според обвинението Спасов се товареше за две кривични дела за полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години, бидејќи блудничел врз две сестри близначки повеќепати во текот на една година, почнувајќи од септември 2007-та до август 2008-та.

Деан Спасов Делчо ги пречекувал двете единаесетгодишни близначки да се вратат од училиште, па ги носел во визбата во зградата каде што живееле или во неговиот стан. Тој ги примамувал девојчињата така што им ветувал дека ќе им даде по 40 денари, а откако ќе ги извршел блудните дејствија им плаќал по 10 денари. При тоа им се заканувал дека не смеат да кажуваат никому.

\"\"

Ова е втора по висина казна за педофилија изречена во Основниот суд во Велес, откако неодамна  правосилна стана и пресудата за Богомилчанецот Трајче Петковски (54 год) кој доби затвор од 15 години. Тој сексуално малтретирал 12-годишно девојче од селото а сексуално се изживувал и врз неговата  12-годишна ќерка, двете у?енички во училиште за деца со посебни потреби.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати