Разбојништво на жена во Богомила и одзеле автомобил и пари

Петар Печков

Вчеравечер, понеделник, непознати сторители нападнале жена која управувала автомобил, и го одзеле заедно со чантата и парите. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 15 јули  околу 22.15 часот во СВР Велес, В.В.(49 год ) од Сојузна Република Германија, со привремен престој во велешко, пријавила дека на регионалниот пат Велес – Нежилово, пред нејзината викенд куќа во близина на село Богомила, општина Чашка, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле нејзиното возило „опел астра“ со германски национални ознаки и чанта со пари и лични документи и предмети“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата извршила увид се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати