Средните училишта и вонредните ученици со голем интерес за програмата „Втора шанса“

Петар Печков



Средните стручни училишта  и вонредните ученици се заинтересирани да бидат дел од реализација на пилот мерката „Втора шанса“ во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување и е финансиран од ЕУ.


Целна група на пилот мерката „Втора шанса“ се невработени лица кои немат завршено средно стручно образование, односно 3-та година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 4-та година од техничкото образование (четиригодишно образование) и спаѓаат во ранливите целни групи корисници на гарантирана минимална помош; млади лица до 29 години; Роми; жени; лица со попреченост и долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција) кои се заинтересирани да се вклучат во пилот мерката „Втора шанса“.

Со комплетирање на средното стручно образование, тие ќе добијат диплома која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование.


„Сите институции, почнувајќи од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Центрите за вработување, Центарот за образование на возрасни, Центарот за средно стручно образование, ЗЕЛС и средните стручни училишта, се вклучени во спроведување на оваа пилот мерка. Со активностите, се зголемува соработката меѓу институциите на системот и се овозможува ефективна реализација на целите. Пријавувањето е во тек и досега има голем интерес од лица кои сакаат да ја искористат шансата и да го завршат своето средно стручно образование. Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување, каде редовно се евидентираат како невработени лица и при тоа треба да треба да приложат оригинал од Свидетелство за завршена претпоследна година од средното стручно образование“, објаснува Влатко Стојановски, координатор на пилот програмата „Втора шанса“.


Според податоците од 2023 година, од вкупно 111.896 невработени лица, 58% се лица без образование и со основно образование, а 9% се со непотполно средно образование. Cо цел директно да се презентираат можностите преку мерката „Втора шанса“, Агенцијата за вработување организираше 8 регионални средби низ целата држава на кои присуствуваа сите средни стручни училишта.


Агенцијата за вработување, веќе трета година, го спроведува ИПА проектот “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот”, за кој 3.00.000 евра се обезбедени од страна на Европската Унија, 350.000 евра се од национално кофинансирање и 841.000 евра од Буџетот на Агенцијата за вработување.

Општа цел на проектот е да се намали долгорочната невработеност со вклучување во невработените лица од ранливите категории во специјализирани програми и услуги за развој на вештини барани на пазарот на трудот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати