Петар Печков
Објавено: четврток, 17 октомври 2024
Три лица го загубија животот, две лица се во критична состојба а три се со тешки повреди, во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово. Несреќата се случила во 17:35 часот.
„Патничко возило форд транзит со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32 год) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37 год), Ј.А.(47 год) и Д.Ц.(66 год), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59 год), В.З.(67 год), Н.Н.(33 год) и Б.П.(41 год), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски во Скопје и Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје“ – соопштија од МВР.
Основното јавно обвинителство Скопје со соопштение за вчерашната сообраќајка.
„Се преземаат нтензивни дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот“ .
„Сите четворица пациенти се хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување и сите се со тешни телесни повреди, од кои двајца се во критична состојба. Двајца од нив се оперирани веднаш по примот. Лекарските тимови кои од синоќа се дополнително зајакнети се борат за нивниот живот и го пружаат потребниот здравствен третман и нега“, изјави утрово директорката на ТОАРИЛУЦ д-р Марија Срцева.
Уште еден пациент е хоспитализран во Градската болница Св. Наум Охридски, на 42 годишна возраст, тој бил надвор од животна опасност.
„Синоќа беше примен 42-годишен маж со изместена чашка на десниот колк. Беше однесен на интензивна нега, чашката беше вратена и сега се наоѓа на одделение со стабилна состојба, но ќе биде потребна операција на колкот во наредните денови“, вели директорот на „Св. Наум Охридски“ д-р Небојша Настов.
Лицата кои се повредени се превезувале секојдневно на релација Велес- Скопје и обратно, со две возила сопственост на фирмата која била правно лциа од Лисиче. Ги управувале некој од вработените кои работеле како завраувачи и бравари.