Петар Печков
Објавено: среда, 21 август 2024
Велешкиот второлигаш, повратникот во ова друштво ФК Борец со пораз ја започна натпреврувачката сезона 2024/25.
На домашен терен во првото коло велешани загубија од ФК Башкими од Куманово со 0:1 (0:1). Кумановци кои имаат амбиции за Прва лига победија со голот на Демири во 41 минута. Домаќинот ја имаше првата и најголема шанса за гол на натпреварот, во 14 мин. кога домашниот фудбалер Османи беше сам пред гостинскиот голман од 7-8 метри одкосо, шутираше а Стојановски одбрани.
ФК Борец од втората минута на судиското продолжение играше со играч помалку, откако Кирил Ивановски доби црвен картон, со лакт го удри во лице противничкиот фудбалер.
Овој натпревар требаше да се игра во саботата, кога започнаа натпреварите од Втората лига, но беше одложен за вторник. Во следното коло, велешани гостуваат на екипата на Победа во Прилеп, која во првото коло загуби во Штип од Брегалнциа со 1:2.