Петар Печков
Објавено: петок, 02 декември 2022
Велешка Гимназија Кочо Рацин со демант на изјавата на советничката Катерина Ефремова, кажана на седнциа ан Совет, објавена на порталот ТрМр, во однос на ангажманот на образовни асистенти за учениците со попречености (ПОП).
„Во СОУ „ Гимназија Кочо Рацин"- Велес се инклузирани три ученика со посебни образовни потреби, од кои два ученика наставата ја следат по диференциран пристап и еден ученик наставата ја следи по изготвен ИОП( Индивидуален образовен план). Според Наодот и мислење за видот на попреченоста, овие ученици немаат потреба од дополнителна поддршка во текот на наставниот процес од образовен и личен асистант, бидејќи самостојно ја следат наставата, и успешно ги извршуваат училишните задолженија и обврски. Учениците во текот на воспитно - образовниот процес добиваат поддршка од стручните соработници, наставниот кадар и од родителите.
Во училиштето учениците со посебни образовни потреби добиваат и индивидуална поддршка од стручен соработник - специјален едукатор и рехабилитатор, кој континуирано во текот на наставната година ги следи постигнувањата на учениците со посебни образовни потреби. Родителите на учениците со посебни образовни потреби, дадоа изјави дека на нивните деца не им е потребна образовна и лична асистенција во текот на наставниот процес, бидејќи се во можност да ја следат наставата самостојно“ - Гимназија Кочо Рацин.