Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот Џез Оркестар во Велес

Петар Печков

На 23-ти ноември во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов.

На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и прв
негов целовечерен авторски концерт со овој оркестар.
Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на изразни средства и жанри, користејќи ги искуствата во класичната музика и џезот како точка на поаѓање.

Веќе подолго време е „зад сцената“ во улога на аранжер во светски оркестарски проекти, но често настапува и како диригент со реномирани солисти и ансамбли.

Како редовен аранжер на еден од најдобрите ревиски оркестри во светот - Метропол Оркест, соработувал со врвни имиња како Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Џулс Бакли и Џејкоб Колиер. Како автор и бенд лидер има издадено три студиски албума со
ансамблот Николов-Ивановиќ Ундектет.

Угледниот магазин JazzTimes овој ансамбл го
оценува како „извонреден, еден од моментално најкреативните големи џез ансамбли во Европа”, а Downbeat музиката на овој ансамбл ја оценува како „ритмички сложенa, хармонски евокативнa, беспрекорно аранжиранa”.

Овие квалитети прострујуваат и во неговата музика за Биг Бенд оркестар која соединува различни стилови во еден органски сублимат. За своите композиции и аранжмани за Биг Бенд е добитник на бројни награди и признанија.

Авторскиот концерт насловен „Crossover
Stories” вклучува композиции од различни периоди во минатите 22 години авторска дејност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати