Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 февруари 2010
- Тој се прави со телешко месо, со ориз, со суво грозје, цимет, шеќер. Во еден лонец се вари месото, оризот, потоа се додава сувото грозје, цеметот, шеќерот. Рецептот е стар стотина години и повеќе, го научив од баба ми. Се подговува после свадбата, ден познат како првиче - изјави Идает Карамети од Дебар, на која и требало неколку часа да го подготви благото, кое се јаде исклучиво топло. Реакциите на гостинките кои во вкусија беа позитивни, со многу пофалби за специјалитетот. На масата можеа да се видат 50-тина благца, нешто старо, но и нешто ново, за домаќинките кои сакаат да бидат во тренд.
- Има благца кои со години можат да се видат на оваа манифестација, баклава, алва, шеќерлеме, раванија, фурма, но и нови кои ретко ги сретнуваме досега мафиши, назми фатме, севиџан. Интересно е што ги откриваме благцата на нашите пријателки албанки, ако лани тоа беше „шеќер паре“ од Гостивар, годинава хит е „кабунија“ од Дебар - вели Катица Крајчева една од организаторките на дружењето. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт а градоначалникот на општина Велес им даде домашна задача за следната година, да ги соберат сите рецепти а локалната власт ќе финансира издавање на една книга каде ќе се најдат повеќето благца од бабите.
- Ако нашите деца, вашите внуци, го јадат кроасанот, колач кој француските баби им го подготвувале на нивните внуци, зошто да не направиме и ние наш бренд по кој светот ќе не препознава. И онака имате многу блага што со задоволство ни ги нудите на нашите трпези а по кој внуците ве препознаваат – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Тој на манифестацијата и подари 10 илајди денари, што заедно со собраните 15 илајди денари од продадените билети ќе бидат донирани на шестгодишниот Игор Пановски.
- Вообичаено за тоа на кого ќе ги намениме собраните средства се консултураме со Општинскиот црвен крст и годинава решивме тоа да го сториме за малиот Игор, кој заедно со неговата самохрана мајка, им се потребни за негова операција во Белград . На овој начин се придружуваме на проектот на учениците од градот, кои собираат пари за ова дете. Можеби средствата се симболични, но тоа го правиме од срце. Ова е и покана до други асоцијации да го сторат истото, бидејќи така ќе иницираме поголема акција помош на детето – изјави Марија Ѓорѓиева претседателка на активот на жени пензионерки од Велес. Сите изминати 14 години тие знаеле со мајчински инстинкт да погодат на кого треба да му ги донираат парите. Така лани завршија во Дневниот центар за деца со посебни потреби и беа купени два апарати за физичка активност на децата. Претходната година средствата се наменија во опремување на игротека при детското одделение на Велешката Болница.