Бод за новакот во Трета лига Југ, ФК Башкими од Горно Јаболчиште на тешкото гостување во прилепско Кривогаштани

Петар Печков

Бод за новакот во лигата ФК Башкими од Горно Јаболчиште, пораз во дербито на колото за ФК Превалец дома. Ова се резултатите на екипите од ОФС Велес  во Третата фудбалска лига Југ.

ФК Башкими гостуваше во прилепско Кривогаштани, кај екипaта на ФК Младост и одигра нерешено 1:1. Голот за гостите го постигна Арлинд Јашари. По ова второ коло ФК Башкими е на четврто место на табелата. Во следното коло, викендот пред нас, во Чашка го пречекува составот на ФК Бучин од истоименото крушевско село, кој има еден бод.

ФК Превалец дома загуби од екипата на ФК Големо Коњари, натпревар кој важеше на дерби според минатиот труд на двете екипи. Гостите од прилепско  славеа со 1:3 (1:1). Голот за домаќините го постигна Гаштев. По две кола ФК Превалец е 9 со еден бод. Во следното коло гостува во Прилеп на составот на ФК Ултрас, кој има две победи.  

Фото ФБ/ ФК Башкими Горно Јаболчиште

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати