Петар Печков
Објавено: петок, 27 септември 2024
Брат и сестра близнаци од Крушево се тешко повредени во сообраќајка, која попладнево околу 17,34. се случи во близина на Градско. Е.К. и Н.К. на 22 год се повредени откако нивниот автомобил излетал од коловозот.
„По примен повик, екипа на Итната служба беше на лице место, згрижи две лица повредени во истата, ја даде неопходната помош и ги транспортираше до Ургентиот центар во велешка болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службаа за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
„Девојка и момче на 22 годишна возраст се примени околу 18 ч во ургентна единица, укажана мeдицинска помош, по што се упатени на радиодијагносика. Напрaвена компјутерска томографија на цело тело. Констатирани тешки телесни повреди и итно испратени во Ургентен центар Скопје“ – соопшти Марина Андова, портпарол на Општа Болница Велес.
Од СВР Велес денес, сабота информираа дека автомобилот бил марка „фиат“ со скопски регистарски таблички, кој од автопатот Велес - Градско, кај село Виничани, излетал околу 17,10ч.