Валентина Ѓорѓиевска, избрана за претседател на Основен суд Велес

Петар Печков

На денешната 504 седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, беше извршен избор на претедател на Основен суд Велес. Тоа е Валентина Ѓорѓиевска. Таа работи предмети од кривична област но и стечајни предмети. Избрана е за судијка во Основен суд Велес на 6 февруари 2008 година. Таа беше три месеци на позицијата в.д. претседател на ОС Велес.

Претседателката на Комисијата за избор на претседател на ОС Велес, Весна Дамева, при разгледувањето на оваа точка од дневниот ред, кажала дека на огласот имало пријавено тројца судии – Валентина Георгиевска, Валентина Петровска и Билјана Јанчева, сите судии од ОС Велес. Во текот на постапката, судијката Јанчева се повлекла, по што е изработена предлог листа.

„Прва е Валентина Георгиевска од ОС Велес со 15 години и шест месеци судиски стаж со 200 бода. Втора е Валентина Петровска со 27 години и четири месеци стаж со 187 бода“ изјави Дамева.

Судскиот совет со 13 гласа „за“ едногласно ја избра Валентина Георгиевска за претседател на ОС Велес.

фото ОС Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати