Петар Печков
Објавено: петок, 29 јануари 2010
- Се враќам во театарот на позиција која нуди можност да придонесам повеќе за креирањето на програмската, уметничката и кадровската политика. Особено на новиот театар кој е во изградба, идејата е не со истите пороблеми да се преселиме во новата зграда, туку да ги подигнеме сите стандарди во сите сегменти од театраското работење. Сакаме да ангажираме нови режисерски имиња од земјава и странство и со тоа ја збогатиме понудата – вели Зафирчев.
Тој посебен акцент ќе стави на создавање аматерска младинска сцена и таа да биде можност за регрутирање нови кадри кои потоа би го продолжиле театарското школување во земјава или надвор. По двегодишна пауза Зафирчев се враќа на театарската сцена како носител на главната ролја на Дионис во претставата „Бахиналии“ која публиката треба да ја види премиерно кон крајот на март. Се обновуваат и две постари претстави кои беа хит меѓу велешката публика, а во кои настапуваше Зафирчев „Стрип Шескпир“ која ќе добие редизајнирано осовременето издание и дуо драмата „Во самотијата на памучните полиња“ каде игра со Зоран Љутков.
Меѓу приоритети на Зафирчев, како уметнички директор е и гостување на македонски театри на велешката сцена можност која тамошната публика ја немала со години. Ова ќе биде врз ос?ова на реципрочна соработка за взаемно гостување.