Петар Печков
Објавено:
вторник, 19 јануари 2010
797
Иако одамна мина последниот ден, 31 октомври, кога требаше да бидат отстранети летните тераси и заградените најлон површини од кафетериите во Велес, тие сеуште постојат кај дел од угостителите и функционираат. Во друг случај, на главната улица Благој Ѓорев изминатиот период киосците кои се времени објекти, преку ноќ станаа мини маркети со двојно поголема површина од претходната. Граѓаните и конкуренцијата реагираа на ваквата состојба, бидејќи станува збор за узурпирање на јавни површини, дивоградби, кои немаат документација. Локалната власт знае за ваквата состојба, а причината што таа не може да се реши е поради немањето на извршна служба.
- Има многу вакви примери на градежна недисциплина кај дел од сограѓаните, откако во 2005-тата година на локално ниво беше спуштена ингеренцијата за извршната служба. Во Велес во овој период нема ваква служба и сега се обидува?е да ја надминеме состојбата со распишување на тендер на фирма која ќе ги извршува овие работи. Бидејќи во локалната самоуправа немаме вработено ваков стручен кадар, ќе побараме од соседните општини да потпишеме договор за извршни услуги да работат и за нас – вели Горан Петров, градоначалникот на Велес.