Петар Печков
Објавено: сабота, 26 октомври 2024
Годинашнва Питијада е 18 по ред, со што таа стана полнолетна. Има стаж од 20 години, првата беше организирана 2004-тата, пауза 2019 (парите се пренаменија за санација на езеро Младост по пожарот), и 2020 и 2021 година поради ковид-19 пандемијата. Во 2010 имаше две во февруари и во ноември. ТрМр ве потсетува на историјата
Започна во Розе салата зимата 2004 во февруари, како хуманитарен настан и промоција на велешката пита. Организатори Општина Велес и Фондација Фокус. Учесниците се натпреваруваа за најдобра пита пастрмајлија. За неа одлучуваа присутните преку гласање. Така беше се до 2008. Кога имаше победници имаше и поразени а тоа ги налути некои од учесниците, дека нивната пита и не е најдобра во Велес, па почнаа да се откажуваат од учество. Можеби и жирито публиката, беа субјективни. Па овој формат беше напуштен.
На овие настани присуствуваа голем број амбасадори кои донираа пари, тие беа со хуманитарна цел, за лекување на некој сограѓанин или пак за социјален случај. Целта беше да се промовира питата и велешкото вино.
Од Розе сала се пресели во тогашен Офицерски- Снупи. Таму започна и музички дел, каде настапуваа велешки изведувачи, чалгијата, распеани Велешани, или локални групи. Од 2009-та манифестацијата се дислоцираше на главната улица 8 Септември, пред хотел Интернационал.
Тогаш се промени и терминот за одржувње, во трета седмица на ноември, на Божуле, кога се запива младото вино. Музичарите настапуваа на платото пред Основен суд Велес. Во тој период во два наврати се организираше и најбрзо јадење на пита пастрмајлија и најбрзо пиење на литар вино. Но по две години, се увиде дека овој натпревар не испраќа добра порака и се прекина.
Потоа манифестацијата се префрли на улица Благој Ѓорев пред Панини, кај Гимназија. Се организираше за 9-ти Ноември, денот на ослобдувањето на Велес. Тогаш почна да доаѓат и познати пејачи од поранешна Југославија, реномирани имиња, регионални ѕвезди, Црвена јабука, Прљаво Казалиште, Парни Ваљак, Рибља Чорба, Жељко Јоксимовиќ, Здравко Чолиќ.
Манифестацијата доби нов термин, крајот на октомври,за потоа да се префрли на сегашниот втората седмица на октомври, околу националниот празник 11 октомври. Останува забележано до годинава, дека најмногу посета, може е субјективно, дека имал Жељко Јоксимовиќ, па Здравко Чолиќ, Парни Ваљак, се додека не дојде Саша Ковачевиќ годинава 12 октомври 2024.
Од македонските изведувачи, гостувале сите, вклучувајќи ги Калопи, Каролина Гочева и сите кои се на врвот на поп-рок но и фолк ѕвезди. Единствено за сите 18 години нема настапено Владо Јаневски.
Ќе остане забележан настапот на Парни Ваљак и поројниот дожд, каков не се помни. Наместо водата да влегува во отворите од шахтите, таа излегуваше од нив, толку вода наврна, што одводните канали беа преполни. Како и да е Аки, Хус и дружина отсвиреа еден час и налку повеќе, ветија дека ќе дојдат да отсвират во некоја друга пригода...
Хуманитарната цел остана и натаму, сега преку подготвка на џиновска пита, која се дели на присутните а тие донираат. Средствата Црвениот крст ги доделува на случај, на сограѓанин на кој му треба. Така оваа манифестија велешката Питијада, има најдолг стаж од сличните во државата, викенд кога градот живее 24/7 со 120 км /ч.
Во продолжение неколку цитати од текстови нa ТрМр за Питијaдата низ годините
Вторник 19 февруари 2008
Четврти пат во Велес се одржа манифестацијата „Питијада“ на која учествуваа 19 ресторани, кафеани, поединци и четири винарии. За два часа велешани изедоа 500 пити и се испија 100 литри вино. Од нивната продажба, 20 денари четврт пита и 10 денари чаша вино се собраа 33 илјади денари. Тие средства организаторот Општина Велес и Фондацијата Фокус ги намени за доопремување на Детското одделение при Градската Болница во Велес, во рамките на проектот „Насмевка во пижами“. Манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер и за најдобра пита беше избрана таа од ресторан „Снупи“ второто место и припадна на „Вила Зора“ а трет е бурекџилница „Це-це“.
Сабота 21 февруари 2009
Во ресторанот Снупи се одржа петата по ред манифестација „Велешка пастрмајлија“, која годинава немаше натпреварувачки карактер но затоа имаше како и досега хумана димензија. Средствата од продадените пити и вино беа наменети за семејството Алиовски кое на 1-ви јануари добија тројка девојчињата Зурафета и Брут и машкото Булут, таткото Асан и мајката Џејлан се невработени. Тие добија 46 илјади денари, од кои од манифестацијата беа собрани 36, што е за сите овие години наназад најмногу и плус 10 илјади донација од општината.
Февруари 20 февруари 2010
Дипломати, иселени велешани, гости од другите градови, гурмани, многу народ привлече годинашнава манифестација „Питијада“ која денес (сабота) се одржа во ресторан „Снупи- Офицерски“. Пастрмајлијата по која Велес е препознатлив во регионот годинава привлече толку многу посетители, што постарите коментираат, било како од времето кога по војната се делеле купони за храна. –текст ТрМр. Манифестацијата имаше и хуманитаен карактер, при што беа собрани 87 илјади денари, кои се наменети за четирите семејства чија куќа неодамна во месноста Долни Дуќани изгоре во пожар.
Недела 21 номеври 2010
Годинашнава питијада го раздвижи градот и барем за два дена го врати старото корзо на старото место, во центарот на Велес. Убавото време, понудата од традиционалниот специјалитет пита пастрмалија залеана со црно вино, можноста да се видите со познати или пријатели и ете како седмата по ред пастрмалијада за два дена велешани ги изнесе од домовите. Згора на тоа убава музика од проверени изведувачи, група Соната, велешката чалгија, КУД Коле Неделковски, сето тоа се покажа како успешен потег за манифестацијата да се одржи на нов простор и нов концепт. На платото пред Основниот суд во Велес,со учество на велешките музичари, групата Виртус, Миле Павароти, КУД Керамичар, Распеани Велешани, ги забавуваа присутните.
Вторник 16 ноември 2012
Локалната самоуправа воведе новини во одржувањето на годинашнава 9-та Питијада. Најстарата ваква манифестација во Македонија ќе се одржува од 9-ти (петок) до 11-ти (недела) ноември. Освен новиот термин, порано една седмица, нов е и просторот, таа ќе биде лоцирана на улицата Благој Ѓорев од крстосницата на ресторан Панини до крстосницата до продавницата Ќоше на Жито Вардар. Работното време ќе биде од петок 9-ти во 15 часот до недела 11-ти до 15 часот, со тоа што двете вечери штандовите ќе работат до 24 часот. На Питијадата ќе има и музички гости.Препорачана цена на продажба од страна на организаторот е една пита пастрмалија – 120,00 ден, една чаша вино – 30,00 ден.
ИЗЈАВИ
Ако некој има дилема која пита е најдобра во Македонија, нека повели во Велес и ја вкуси најдобрата без конкуренција. Се друго е само лоша копија - Горан Петров градоначалник на Велес ноември 2011.
Велешани се горди на пастрмајлии и не постои велешко семејство без оглед на кој дел од земјината топка се наоѓа, без оглед на возраста, што не знае да подготви пастрмајлија и што не ја јаде со уживање. Тоа е и причината што овој специјалитет се одржува со векови – Петар Печков ноември 2010
Дојдов во Велес на Питијадата, таа е симбол на овој град. Кога ми пратија слика од пита, веднаш одлучив дека е време да отпатувам во родниот град. Миризбата која денес ја чувствувам, ме врати во детството. Тагувам по тоа време но еве сега дојдов во градот на моите предци. Пастрмалијата е знак на распознавање на велешани. Таа му е потребна на градот – Лидија Демниева, претседател на македонско здружени Кочо Рацин Белград. Ноември 2013
Кога туристот ја посетува Италија, кога сака да се храни бара пица „Наполитана“. Кога доаѓа во Македонија бара пита пастрмалија. А неа ја има во Велес - Васил Зафирчев октомври 2014
Пробав по концертот велешка пастрмалија, одличен е специјалитетот. Вашата е супер, има јајца. Можат и Италијанците да ви позавидат, со нивните италијански тестенини – Здравко Чолиќ октомври 2017
Видео од настап на групата Зрак, 40 години по нејзиното формирање
Фотографиите се од архивата на ТрМр