Петар Печков
Објавено: сабота, 08 октомври 2022
По три годишна пауза, Велешка питијада повторно ги раздвижи велешани но и гостите во градот. Првата вечер мина во одлична атмосфера, забава и дружење со музика и вкусна пастрамлија.
Музичките гости придонесоа за добрата забава Миле Кузмановски, групата Д хаундс и ДНК кој годинава слават 20 години постоење и групата Нокаут кои имаат подолг стаж, годинава одбележуваат 25 години.
Со нивните хитови, создадоа убава атмосфера, која не остана незабележана. Низ овие фотографии дел од забавата првата вечер.
фото Општина Веле