Во Здружението на пензионери во Велес се мереше ниво на шеќер во крвта, голем интерес кај членовите (фото)

Петар Печков

Во Здружението на пензионери денес се одбележа Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември. Се мереше нивото на шеќер во крвта и скриен шеќер. Ова акција беше реализирана од страна на  Инер вил клубот од Велес.  Предавач беше интернистот д-р Елена Левкова Ќулумова.

„Дијабетесот не е само зголемено ниво на шеќер во крвта, туку се појавуваат и други компликации и болести. Дијабетесот е хронична скапа болест, која го засега целото семејство, бидејќи за грижа се ангажирани сите од неговото опкружување. Настанува како резултат на нездрав начин на живот, посебно лоша исхрана. Тоа е консумирање на брза храна, газирани пијалоци, намалена физичка активност, но и присуство на стрес и начинот на современото живеење. ТИП1 дијабетес се јавува кај млади луѓе до 30 годишна возраст и се лекува исклучиво со инсулин.  ТИП 2 дијабетесот е кај повозрасната популација.  Дијабетесот пројавува бројни компликации на различни крвни садови, на цело тело, кои страдат од високото ниво на шеќер. Таков е случајот со ретината, мозочните крвни садови,  се јавува срцева слабост, бубрежна слабост. Или од високиот шеќер страда целиот организам. Со урамнотежена, балансирана  искрана, со умерена физичка активност се постигнува идеална глико регулација.“ – кажа интернист д-р Елена Левкова Ќулумова.

Таа потсетува на петте златни правила: здрава и балансирана  исхрана, физичка активност – секојдневно пешачење најмалку од 30 минути и тоа  да се зголемува,   самоконтрола -мерење на нивото на шеќерот со глукомери пред и после оброк, едукацијата, како и употреба на лековите со нивно правилно користење.    

Во Македонија имало околу 130.000 лица со дијабетес, од нив  лани  3.000 биле со ТИП 1  а со . ТИП 2  лани имало 35.000 илјади лица  кои се на инсулин. Според проценките, оваа бројка се множи со три и се добива бројот на   недијагностицирани лица со дијабетес, кои   седат дома.

 „Бројот на лица со дијабетес во Велес и велешко постојано расте и се зголемува, точна бројка нема. Сигирно се повеќе од илјада регистрирани“- рече Ивана Караѓозова Трчкова, претседател на здружението на лица со дијабетес од Велес.

Освен што се мереше нивото на шеќер во крвта, присутните прошетаа до паркот кај Ликовен, потоа повторно, по враќањето им се измери нивото на шеќер во крвта.

„Целта на овој ден, преку овој настан, ни е да ја подигнеме свеста за грижата за лицата со дијабетес, знаејќи ги проблемите со кои тие се соочуваат. Преку хуманоста како благородна движечка цел, работиме за доброто на сите, преку пријателство, почитување, верност, искреност, несебичност. Посебна “ – кажа Благородна Николовска претседател на Инер вил клубот од Велес, организатори на настанот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати