Петар Печков
Објавено: недела, 09 октомври 2022
Втората вечер на Питијадата помина во одлична забава, многу посетители и гости и ведро расположение.
Полн погодок беше настапот на децата од „Дајте музика“ кој ја собраа најмладата публика и сите заедно се забавуваа час и половина.
Во исто расположение продолжија Зуица и Наум, со одличен избор на стари и нови македонски фолк хитови, како и традиционални песни.
Фолтин како и секогаш ја подигна атмосферата со нивниот настап, музика и оригиналната изведба.
Поп дивата Каролина ја заокружи вечерта, публиката танцуваше со неа и ги пееше нејзините песни. Таа изеде и една нумера од Тоше Проески што ја воодушеви публиката.
фото Општина Велес