Гран при за Дона Китанова oд Скопје, на 57-те Детски Рацинови средби

Петар Печков

Донка Китанова од ОУ „Вера Циривири –Трена“ од Скопје, 7 одделение,  е добитник на Гран при наградата на меѓународниот поетски конкурс на 57 Детски  Рацинови средби.

Годинашниот  литературен и ликовнен конкурс беше на тема  „Мене и душата ми е црвена“. Нејзина менторка беше професорката Ана Кралевска.

Првата награда во меѓународниот литературен конкурс ја освои деветооделенката Даниела Теова  од ОУ „Васил Главинов“ од Велес, под менторство на Каролина Попова.  Таа  освои две награди на оваа книжевна манифестација, намената за учениците, бидејќи  беше втора на ликовниот конкурс за основци, каде ментор и беше Снежана Стефановска. 

Првата награда по литературниот конкурс за средношколци ја освои Клара Ѓуровска од Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје. На ликовниот конкурс во категорија средношколци првата награда и златен пехар ја освои Драгана Минова од „Кочо Рацин“ од Свети Николе а кај основците  првата награда ја доби  Ива Илиев од ОУ„Васил Главинов“ од Велес. На годишаниот конкурс стигнале ученички творби од Загреб Хрватска, некои од нив беа и наградени и од Србија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати