Двајца велешани измамени за 1,6 илјади евра

Петар Печков

Двајца велешани пријавиле дека се измамени, при што се оштетени за вкупно 1,6 илјади евра. Деталите од информацијата на Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„На 15 ноември  во Полициската станица Велес, 75 - годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 600 евра. Според пријавеното, на 14.11.2024 лицето и се јавило телефонски, се претставило дека е од Скопје и ја известило дека и следувале околу 20.000 евра, но за да ги добие требало да му ги испрати парите. Како што е пријавено, таа ги испратила парите преку автобус, а по кратко време лицето повторно и се јавило и побарало уште 1.500 евра за да добиела поголема сума, по што сфатила дека е
измамена“ - пишува во писмената информација.

„На 15 ноември  во 16.30 часот во СВР Велес, 22 – годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, на 05.11.2024 на веб страна нашол стан за издавање во Италија, по што стапил во контакт со лице за договор за слободен термин, а откако му бил пратен линк, преку банка ги уплатил парите. Како што е пријавено, на 15.11.2024, на денот планиран за заминување во Италија, се обидел да стапи во контакт со лицето кое го издавало станот, но одговор немал и бил блокиран“ - е информацијата објавена во денешниот полициски билтен. 

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати