Детска тепачка во Бузалково, едното дете е пренесено на Ургентен поради тежината на повредите

Петар Печков

Вчера, четврток околу пладне во околината на село Бузалково, дете нападнало друго при што му нанело тешки поведи и 13 годишникот е пренесен на Ургентен во Скопје.

„На 19 септември  во СВР Велес, Ф.М.(48 год) од село Сливник, општина Чашка, пријавил дека околу 11.00 часот во атар на село Бузалково, велешко, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, при што се здобил со тешка телесна повреда констатирана во болницата во Велес“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
 
За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

„Малолетник машки пол,13 години,примен на оддел за хируршки болести со тешка телесна повреда на глава и фрактура на нос Упатен кон оддел за радиодијагностика каде е направена компјутерска томографија на глава. По укажаната медицинска помош,пациентот поради тежината на повредите е испратен во Ургентен центар Скопје“- кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати