Дожд од голови на натпреварите на ФК Башкими, ФК Превалец и ЖФК Борец

Петар Печков

Екипaта на ФК Превалец со убедливи 6:0 (1:0)  го победи составот на ФК Слога од прилепско Лажани.   Стрелци беа Стефан Коџабанов, Трајче  Ѓорѓиевски Трајче и Ангел Гаштев, сите тројца постигнаа по два гола. Осмопласиранта екипа на табелата беше лесен портивник и превалчани забележаа висока победа и се искачија на третото масто од табелата со 7 бода.  

ФК Башкими извлече бод на натпреварот со ФК Ултрас во Прилеп 5:5 (3:1) иако губеа со 4:1. Ова беше дерби на колото во кое играа второ и трето пласираниот тим на табелата.Стрелци беа Зани Ахмедов 2, Лазами Лавдрим, Шпенди Ахмети, Албин Јашари по еден. Екипата од Горно Јаболчиште остана непоразена и остана на второто место со 8 бода. 

Во следното коло е дербито и локално и по пласман. Играат во Чашка ФК Башкими и ФК Превалец. 

Во третото коло од Втората женска фудбалска лига, ЖФК Борец дожива висок пораз во Охрид од ФК Билјанини извори со 8:2 (4:0). Велешанки се последни без освоен бод. Во следното коло играат дома со лидерот ФК Кочани, кој има три победи. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати