Петар Печков
Објавено: четврток, 19 септември 2024
Управата на ФК Борец 1919 и шефот на стручниот штаб Љупчо Димитковски спогодбено се договорија за прекин на соработката, објавија од клубот. Тие му се заблагодаруваат за досегашниот аганжман и му посакува успех во понатамошните тренерски води.
„Даниел Стојановски официјално е нов тренер на Борец 1919. Во својата тренерска кариера, Стојановски работеше како тренер во Слога Виница, Велешта, ГФК Куманово, Воска Охрид, а и како помошник тренер во Пелистер. Му посакуваме топло добредојде на Стојановски во Велес и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом“- соопштија од ФК Борец.
Веќе в сабота ФК Борец го пречекува ФК Вардарски во натпревар од петото коло на Втората фудбалска лига.
По првите три кола од првенстовто на Вторатра лгаи, ФК Борец е последен со сите три праози, а пораз забнележа и на вчерашниот Куп натпевар во 1/16 со екитпа на ФК Детонит од Радовиш.
Фото ФБ/ ФК Борец