Жител на Клуковец останал без стапало, откако машина за мелење го фатила за ногата

Петар Печков

Саботата попладне жител на селото Клуковец Р.Т (45 год) при мелење со мелница за жито, се здобил со тешка телесна повреда, на дел од ногата, стопало му било заглавено во машината. Интервенирале пожарникарите, докторите од итната помош.

„На ден 16 ноември  во 15:05 од страна на Итна Медицинска Помош  добиена е дојава за заглавена нога во млин во село  Клуковец. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 3 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место лицето е извадено и предадено на ИМП“ - соопштија од велешката противпожарна единица.

„Саботата попладне побарана е интервенција за лице чија нога била заробена во мелница. Лекарската екипа интервенирала, ја дала неопходната здравствена нега, го пренела во ургентен центар во велешка болнциа“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Лицето набргу пренесено на Клинички во Скопје, поради тежината на повредата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати