Земјотрес во Грција близу Неа Мудања на краците, ја стресе и Македонија и Велес

Петар Печков

На територијата на Македонија деоцна попладнево  се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција.  Информацијата е од  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“ – соопштија од Сеизмолошката опсеваторија.

Според светските опсерватории, земјотесот во Грција бил со епицентар од 64км. југоисточно до Солун  и 13 км јужно од Неа Мудања на длабочина од 10км.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати