Зрак, звучно списание за слепите лица

Никола Солев

Здружението на слепите лица од Велес го промовираше „Зрак“ првото звучно списание во Македонија наменето за оваа категорија лица со посебни потреби. Тоа е со едукатитивно – забавен карактер и освен велешките слепи лица тоа ќе го добиваат и останатите Здруженија во земјава. Списанието „Зрак“ ќе се дели бесплатно и ќе излегува еднаш месечно.    Пристапот до информации е еден од двата најголеми проблеми на слепите, по тој со движењето. Со овој проект делумно се нуди дел од решението за читање на овие лица.

- Во него ќе има содржини наменети за ова категорија лица, пред се за  технички помагала за слепите, светските чуда, кулинарски рецепти, хумор, спорт, мистерии. Ова списание е продолжение на едно слично кое излегуваше пред 10-тина години, но тогаш на аудио касети. Сега се прилагодивме на новите услови и новото време, тоа се печати на цд – изјави Тони Пајдаков секретар на Здружението на слепите лица во Велес при промоцијата на првиот број.

Тој потсети дека најдобро е за слепите лица е да се чита преку Брајово писмо. Тие ја имаат издадено и првата библиотека од 10 наслови, книги од македонски и светски автори, но за да продолжат со оваа дејност, единствени во Македонија, ќе им требаат околу седум илјади евра за  набавка на соодветен печатар. Здружението во Велес располага и со два компјутери наменети за слепите лица, на кој тие можат да работат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати