Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јануари 2010
- Овој регион има огромен потенцијал за транзитниот туризам, преку коридорот 10 кој се користи од странските туристи. Со поставување на 12 инфо пунктови долж патната инфраструктура ќе можат да се привлечат гостите кои се на минување низ Македонија. Со вториот проект ќе создаваме препознатливи агро-производи заштитени со географско потекло, конкурентни на домашниот и странскиот пазар – изјави Александар Бузалков директор на Вардарскиот плански регио, кој брои 150 илјади жители во 9 општини од Централниот дел на Македонија. Предност на Вардарскиот плански регион е автопатот Скопје – Гевгелија, железничката инфраструктура, близината на аеродромот Петровец. Неговата иднина треба да се гледа во производство на вино и создавање на т.н. вински пат, производство на енергија од алтернативни извори сонце, ветер и биомаса. Доколку регионите подготват квалитетни проекти, тие можат да обезбедат финансиска поддршка од Европските програми за регионален развој и прекуграничлна соработка. Проектите се изработени со помош на УНДП кој финансиски ги поддржува активностите на два од осумте региони во земјава, Вардарскиот и Северо-источниот.