Кривична пријава за велешанка, која седум месеци користела туѓа платежна картичка и потрошила 187 илјади денари

Петар Печков

Жителка на Велес, чија возраст полицијата  не ја соопштува,  седум месеци користела туѓа платежна картичка, при што потрошила над 3.000 евра, информираа од МВР.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ј. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”- соопштија од МВР.

Пријавената, во периодот од јануари 2024 до август 2024, повеќекратно ја искористила платежната картичка на друго лице, при што предизвикала материјална штета од 187.133 денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати